може (гл.) - сѐ (зам.)

Можам сѐ...сѐ да направам, но од себе не можам да побегнам...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Никогаш, никогаш во својот живот не натрапал, на некого или на некои, за кои му се стори ако не со машка снага тоа со духовна можат сѐ и секого да го здробат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Групата се приближуваше сѐ повеќе и повеќе. Бојана сега јасно можеше сѐ да види.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Непоколебливо намирисани со бел прав, млади и наконтени се познаваше: деца од фамилија, разгалени и дигноглави, мислат дека светот е во нивните раце, дека можат сѐ.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За нив можеше сѐ да се смени, но не и нивната теза за љубовта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Јас сум волшебник! Јас сум волшебник! - почна да вика Димче. - Јас можам сѐ!
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Не можеш сѐ да удриш од земја, немаш контрола, те потфатил огнот и немаш контрола.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А ако ме фатат може сѐ да кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А бре, кај може сѐ да се каже!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти не можеш сѐ да видиш, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Може сѐ да се кажува обратно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Заборави да му се пофали на чичкото дека татко им е мајстор, најмајстор, дека може сѐ да поправи, дури и гласовите на луѓето што зборуваат во кутиите, ама си има човекот некоја болка во мевот или во срцето, така вели, е неа ја лекува понекогаш со ракија, ама не, не, не се опива.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Долго потоа беше многу среќен од нешто необјаснето, толку среќен што му се чинеше дека може сѐ да направи.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Чанга можеше сѐ да поверува од книгите, ама никако не му влегуваше в глава, тврдењето дека Калето според остатоците на земјанки и колипки е старо четири илјади години.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Им рекоа само да не зборуваат, оти тие секој збор можат да го чујат. Како и господ што може сѐ да чуе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па, имајте мера, не може сѐ да проголтате!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)