може (гл.) - сиот (зам.)

Побара нешто наоколу, во што би можел сиот до безостаток да се загуби но најпрвин со тие мисли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не може сето слободно време, ние петтемина - сами ага, сами паша.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Како можеш сето ова да го знаеш? – се чудев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Но, дали ќе можеше сето тоа да се изведе без да доживее презир? Што ако Виктор ѝ го заврти грбот?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Го знам, - едноставно одговори тој. – И ти го знаеш, само не знаеш дека го знаеш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)