може (гл.) - секому (зам.)

Не можеш секому и секаде да извадиш грклен. А имав таков порив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ама тука си е милата учителка - да утеши, да избрише солзи и мрсулаво носе - и така ми стори, и ме убеди дека тоа можело секому да му се случи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пак студи во Москва и нема спас од разграканите нови птици кои мислат дека дошло времето кога можат секому да му се посерат на глава и дека тоа е најплодотворниот начин за општо усреќување на човештвото.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ама исто миризлива како и порано, па птиците преселници по миризбата знаат дека дошле на местото каде што можат секому да му се посерат на глава.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)