може (гл.) - двајца (бр.)

Стоел исправен и привидно спокоен сокривајќи ја својата потиштеност најмногу заради споменатата тепачка на дојденците со Турците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тоа думање и чудење, веќе и петлите почнаа да пеат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мајка ми се изнасмеа: - Не мислев на тоа, ама, добро.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Илјада души аскер и заптии, не можат двајца луѓе да налегнат, та се принудени да ги горат живи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Четкичката за заби, на пример, не би можеле двајца да ја користиме – реков по некое време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еден од неговите луѓе, чпртав и пеплосан во лицето, инаку со повеќе волнена облека на себе отколку што можеле двајца да носат, зимурлавник со име на лесновски светец Гавруш и со презиме што можело да биде име пред десетина векови - Пребонд, ги пребројувал луѓето додека минувале со запрегите кон неголемата рамнина со ретка но смарагдно зелена трева; стоел до младиот старец со кожув и со сомневање ја нишал главата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)