На слепоочниците ѝ избиваа модри жилички и го тераа и неа да ја замислува бледа и студено вкочанета.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Еден, два, три... еден, два, три... таму некаде во Градот, или на жолтиот рид: густата коса, прелиена со темен, горски мед, млечниот тен, со модри жилички, врежани како во мермер, забите, некако вампирски, што нежно ми ги забива во вратот, додека навлегувам во неа.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
На мермерното чело - модри жилички, зад црвените школки на усните - бели зрна пченка. Еј! Џо! еј, Џо!
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Полека се разијдуваа секој со кренати раце, со закани и со набрекнати модри жили на вратот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Револверот не ти го давам“, рече, а брестот, тој долгоног младич со модри жиличиња на челото, се сврте кон војниците.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)