мисли (гл.) - сѐ (прил.)

Мислите сѐ што лета се јаде. Европа ве бара! Ѝ се прди на Европа за вас. Воздивнувате по Германија!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мисли сѐ спасил, ги измил рацете, израмнето е сѐ, сега доста, збогум животу!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Напати мислиш сѐ пониско слегува, ти се доближува и расте, се шири, ко гумно запалено. Сака сѐ да прегори, да поклопи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
МИХАЈЛО: Ти само убаво зборуваш. Додека те слушам, мислам сѐ е точно, сѐ е така.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)