мисли (гл.) - во (предл.)

Тики: Но таа има договор со тебе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста: Секако, но што се однесува до Грета, си мислам во себе, Грета, кој те ебе!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќето сè уште мислат во категориите на напредокот и на просветителството: луѓето сè уште го доживуваат, го спознаваат и го вреднуваат светот како некоја низа на причини и последици, којашто се трудат да ја прекинат, за да се ослободат од нужноста.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ко уште едно мамка-огледало од каталогот на изложбата пренесуваме еден расказ на Поповски. (Abbe Buzoni) Margina #19-20 [1995] | okno.mk 53  Нудиме два разговора, горе и доле на страницава; што мислиш кој е „пореалистичен„?  Мислам дека дефинитивно не мислам во тие категории, апстрактно-реалистично.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Беше повлечен, мирен, на мравка не газеше. Немаше татко; татко му умрел во некоја елитна единица во Африка (мислам во Египет!); бил платеник на странска војска, и го напуштил семејството веднаш по раѓањето на сестра му, за да стане војник. Така барем велеше Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби тој од самиот себеси си страда.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А и сега, мислам во моментов, јас можеби и не сум неговиот најжежок проблем!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од некоја неодредена болка за која не смее дури ни да мисли.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но и покрај тоа работата стои така и затоа, бидејќи нема метајазик и бидејќи човекот поради тоа секогаш работи и мисли во природен јазик, затоа е, значи, невозможна апсолутната формализација и артифицијализација на јазикот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Предолгите нерамни и скоро кучешки заби диво се разголуваа под слабата селанска светлост што ни на ноќта ѝ се предава ни ноќ совладува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малку поблед отколку што мислев во дворот, и не блед колку варовничав или изветвен од подмолен јад на човек со товар несреќи на срцето, домаќинот ги потпираше тешките дланки на софрата со секакви трошки од вечерата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ведро е. Ене, и месечината изгрева. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Патувај, синко, мислел во себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Директорот се спушти во фотелјата, се навали на наслонот и започна да ме испитува за моите таленти и способности.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Каков будала сум, - си мислев во мене.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Тето, па ова е мал рај! - ѝ се оттргна длабока воздишка на Рада - Сега знам зошто те нема таму долу. Мислам во Македонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Последен пат се видовме пред Нова година, мислам во 2000 и некоја кога како личен багаж пренесов со себе, меѓудругото, десетици и десетици панталони, силно свиткани и изврзани едни за други како колбаси во вентилацијата на автобусот на стар шверцерски начин, потпомогната од еден господин кој држи тезга на зелен пазар за грицкалки и батерии.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сето тоа што го мислев во тој миг ми изгледаше и како возможна вистина и како најобична глупост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
еднаш, за една иста коска се фатиле со едно куче и се наттргуваат, си ја отимаат коската, се дават, крв им тече од ноктите и од забите, на Стевана, ко вода му се нишаат забите, не знам кај беше ова и не знам кога беше, јас мислев во цвеќе ќе ја најдеме Македонија, а таа во казан клаена и сите ѓаволи играат околу неа, ќе ја посееш жито, а кукавици ќе ти никнат и после не кладоа да вежбаме војнички работи, фронтот е како кај Бигла, а ние како кај Зајгазица во ливадите вежбаме: напред, назад, клекни, легни, а командирот, некој добар, Благоев го викаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Затоа Барес може, во името на науката, на своите сонародници да им советува да се ослободат од крупните зборови какви што се вечно или секогаш, и како пример им го наведува идиомот кој, наместо зборовите „јас мислам“, ја остава можноста да се рече: Es denkt in mir, „тоа мисли во мене“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мислев во нив ќе го најдам клучот на она што не ми дава спокојство.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
— Смеј се мори, смеј се, коа да не си видела како се гушкаат маж и жена! — пак ѝ се брецна, сега посериозно, мислејќи во моментот дека нему му се смее.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога се врати со котелот, позастана на вратата и слушна дека нејзиното Толе плаче та „папокот ќе му извресне", и место да го крене стрина му Митра, Доста чу со своите уши како Митра му нададе триста и триста клетви полоши и пострашни од оние што ги мислеше во себе кога и нарачуваа нарачниците на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А си мисли во себе: „Ако не зема и за Петка, тој ќе си мисли оти зе, та сака од моите да му давам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеби за оваа ноќ мислев во секое утро на ножот. За овој час.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш го слушнав од него и она, мислам во присуство на дед Павел, она, дека човекот е секогаш само еден и дека не смее да се раздвојува или да се оддалечува од себеси бидејќи лесно ќе се загуби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Гледај го те молам, одеднаш станува голем советник за соочувувањето на себеси со животот!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ја прегрнав и додека така едно време прегрнати седевме на работ од креветот, си мислев во себе: Ги прегрнуваат ли вистинските писатели своите деца?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Перса повеќе како да си зборуваше на себе си, чиниш мислела дека сето тоа не го кажува гласно, туку го мисли во себе, оти одеднаш се сепна, молкна и рече Ништо ништо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мислам во коприви ми се тркалала главава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми жуборка гласот, мислам во најубава гора сум влегла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се мислам во кој вагон е Оливера Поточка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си мислев во меѓувреме, каде ли ќе живеам сега.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Гледам си мислам во себе, гледам, ама не гледам, со тебе човек никогаш не е сигурен што правиш, а што мислиш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)