мисли (гл.) - ти (зам.)

Трајко стана и почна да се правда: — Аир ефендум, шо е тој лав шо ми го велиш?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ами шо мислиш ти, шо забележа дури те тераше со него, и праќа ли од секое село парите в град или со него и носи?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислиш ти не знаеме ние оти ќе кревате ѓурунтија овие дни?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој го избегна одговорот на прашањето како го пуштиле од интернација, а самиот го праша директно Пискулиева: - Што мислиш ти да правиш, мислиш ли уште да квачиш овде кукавички јајца?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој го сметна сега и качкетот и го кладе на колено, како да сакаше со тоа да рече: што ме мислиш ти мене?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Па како мислиш ти, ја пизда изнад 20 години не признавам - ми возврати шминкерот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Пријателката ѝ одговорила со повишен глас: - А што мислиш ти, дали ти, госпоѓо моја, нема да плачеш ако ти умре твојата ќерка!? И пријателството од тој ден меѓу нив престанало.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Вистината, те молам, Винстоне. Твојата вистина. Кажи ми што мислиш ти дека паметиш.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што мислиш ти, Мироне? * „Како ти е името, девојко? Марија?“ „Не. Јана. А вам?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Лекарот мора на свој начин да каже: „Доаѓам без оглед на тоа што мислиш ти”. Понатаму: Проблемот со шизофреничарите е во тоа што тие не му веруваат никому. 48 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Рози, мислиш ти дека ја не гледам дека ти не добро осеќаш?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Рози понекогаш ме бакнуваше, да, но тоа бакнување не беше онакво на какво што мислиш ти.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Еј, еј! Стој, стој! Што мислиш ти? Така ли се мери?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Па што мислиш ти! - раскажувачот го насочуваше мракот на своите очи кон правецот од каде што идеше прашањето и долната сува уста му се грчеше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само што ние, источњаците, тогаш мислам ти реков, не бараме за сѐ објаснувања, како вас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ние веруваме. Тоа што за вас е чудо, за нас не е.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
— Ти си улава, ми велат, што мислиш ти?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— А што мислиш ти, ми вели Надежда Петрова.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги јале и ќе ги јадат!... Ама богатите свињи!... Аааа... што мислиш ти за стокава од девојчево, а?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Имаш праз? - Јас праз? Што ме мислиш ти мене? - Маслинките одат со праз.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Постојано и за што било те фаќа и вели: „А зошто ти така; до кога ти така; како си смеел; што мислиш ти; каде си бил до сега; зошто си се тепал, и што ли уште не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нема да се чепатам пред Јона, а ваму не се трае. Мислиш ти се кинат цревата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)