Во куќата -во- себе си изградил и скали по кои се качуваш катаден заедно со жената и децата, високо сѐ повисоко, мислиш се качуваш кај Бога.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Се крева пареа над јадењата, мислиш се смее трпезата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мислам се покри градот со гулаби.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Закинтос е, фала му на Бога, учен на етничка различност, па жителите секогаш сакаат да комуницираат со други култури.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но во духот на говорот, мислам се чувствува само грчкиот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во тие денови не едно од децата туку ќе се штрекне среде ноќ, туку ќе скокне од креветот, зар мислите се виѓаваше во каква жалосна состојба се наоѓа, - просто го тера нешто и тој летајќи излегува од спалната. Птица.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Остана само еден нашинец. Македонец. Ефтим Дракалски, мислам се викаше. Од Малешевијата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги држи таа за оглавот, а земјата, мислиш се помрднува под неа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не мислете се, велам, јас сум одамна заклана.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Пукај, отепај ме, ми вели жената, отепај ме, ама премести се, не мисли се!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)