Коа чуја старците тие зборои од царот, му се поклонија и си отидоа дома, та седнаа да мислат кој збор каков је.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Многупати ноќум се будев и мислев кој камен каде да се стави, каде да се поткрши, каде не.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А за двата коња што ме праша, ме праша за нозете дали ме ризаат; јас му кажав оти и со стапче се потпирам и одвај можам да се носам.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Едни велеле да чекаат да порастит детето, а други - да избереет нов.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Зашто, вели загледувајќи се нанакај чифлизите, кој знае што си мислат агине гледајќи нѐ вака собрани, може си мислат кој знае за што се здоговараме.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Лежам така и си мислам кој ден е денеска, колкави се децата, што работат, што им дава за јадење Велика, како излегува накрај.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Значи, тамам почнав да мислам кои градови и држави сум можела да ги научам играјќи ја играта, а да се поврзани со Индија се сетив на првата грешка што ја направив со Игбал при запознавањето и решив да му признаам: - Не знам ништо за Индија – реков искрено и олеснително здивнав.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)