минува (гл.) - ден (имн.)

Потоа следи Париз: разочаран од современата уметност, Ботеро ги минува деновите во Лувр, проучувајќи ги старите мајстори. 1953 - 1954 Во Фиренца, во Академијата Сан Марко, во музеите на Венеција, Сиена и Равена, тој ја проучува уметноста на италијанската Ренесанса.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така минуваа деновите исполнети со нови радости и нови надежи. Бојана беше среќна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со години гледавме сам како се искачува по ридот, Застануваше пред ѕидиштата во кои можеше да се препознае Некогашна тврдина и тука го минуваше денот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ми се чинеше дека онака бледа, пеплосана, не ќе може да го стори тоа; но како што минуваа деновите, работата ја исполнуваше Луција и полека крвта ѝ се врати, образите ѝ се заруменија, погледот ѝ се избистри а модрите полумесечини под очите исчезнаа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Минуваа денови во патување и во интересно раскажување на пилотот Васе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Минуваа денови, месеци. Ми стигнуваа Мајкините писма, со необичниот латиничен ракопис, кои одразуваа поголема загриженост отколку што семантички можеа тоа да го означат зборовите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Минуваа денови, месеци, Мајка не престануваше да венее.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Минувала денови, осамена во својата соба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)