За да се одвезе до центарот на градот, што беше оддалечен дванаесет милји, мораше да мине низ една цела шума од стогови чад, да мине планини од отпадно железо и купишта згура и црн пепел, да мине преку мостови од рѓосано железо, што ги премостуваа бавните реки и канали, загадени од отпадните води на леарниците и хемиските работилници.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Си велев: Можеби е прениско да се почне од ова место да се префрла грутка по грутка цветови, стебла, ѕверови за да се мине Планината.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)