мине (гл.) - живот (имн.)

-Не реков дека не живееш убаво. Ти живуркаш, не го чувствуваш вистински животот – рече старецот. – Многумина од луѓето така го минуваат животот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Го мина животот во егзил, во Романија, во Австрија! Се врати во Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Многумина се раѓаат, го минуваат животот на таа физичка и духовна граница, самата нивна делба како да е постојан курбан за да се помине, за конечно луѓето да разберат, да продолжат да живеат заедно. Зар тоа не е проклетство?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога ја прашав како успеа толку да доживе, таа почна да ми раскажува: Јас, чедо, многу убаво го минав животот со дедо ти.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ќе ни мине животот во туѓина, велеше братот, а нема да знаеме кои сме, кои сме биле, од онаа страна на границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Еднаш да ве оклеветат, ќе го минете животот претворени во сенки.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Тоа нешто изгледа некако вака: замислете си човек што е роден глув и слеп, што го минал животот на овој свет во тишина и темнина, кој никогаш не видел светлина, не го видел синото небо, или не видел расцутена градина, или не слушнал како пее птицата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И така, ѝ мина животот во големата илузија за враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)