Потоа следи Париз: разочаран од современата уметност, Ботеро ги минува деновите во Лувр, проучувајќи ги старите мајстори. 1953 - 1954 Во Фиренца, во Академијата Сан Марко, во музеите на Венеција, Сиена и Равена, тој ја проучува уметноста на италијанската Ренесанса.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Оттогаш минаа денови и месеци.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Минаа дни и јас почнав често да се јавувам пред задниот влез на театарот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Мајка се чудеше што го нема Климент Камилски, порано не ќе минеше ден без тој да биде тука, или Татко одеше кај него.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога ќе мине денот и кога ќе мине ноќта, моите чинки ќе ја изгубат моќта и гардистите пак ќе се будни.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- А Шарлаган- кан? –праша еден момчак. – Што ќе правиме со него?
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Сè беше како секогаш кога се враќа од работа: ќе седне малку да здивне, ќе ме распраша како ми минал денот на училиште, ќе почека да дојде татко ми и да се прибере брат ми, па да ручаме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Бевме сами дома и тамам јас очекував да почне да се интересира за моите дневни новости, таа сосема мирно, како да ме прашува дали сум гладна, го изговори следново прашање: - Бреза – праша со обичен глас – дали мислиш дека ќе можеш да се спакуваш до утре, за во среда да заминеме за Париз?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ете драги мои како побрзо ќе ви мине денот. Ако не верувате - обидете се и Вие!
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
ПАРАСКЕВА: Како брзо минуваат деновите. Навикнав. (Пауза.) Кое време е на денот? БОЖО: Утро.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Постојано се работи за настани на насилство, несигурност, дрога, финансиски и политички скандали. Каква полза од натамошното набројување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но не минува ден без да слушам како се зборува за лошото функционирање на нашите претпријатија, нашите судови, затворите, болниците, училиштата, железничкиот и воздушниот сообраќај, земјоделството итн.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Пред некој ден бев во Монпелје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Имаше право татко ми кога рече дека времето лета. Речиси и не почувствувавме кога минаа деновите без нив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Без жедта цветовите не постојат. Размислував за неговиот спокојно одржуван чекор, за неговото задоволување со малку среќа, со парите што ги заработуваше да ги купи последните топли векни леб од фурната на патот и да го заокружи уште ден среќно минат ден во Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На крајот на овој наш разговор еве и една песна за мајките: ШТО РАБОТАТ НАШИТЕ МАЈКИ Знаете ли како им минуваат деновите на нашите мајки по домовите?
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)