милува (гл.) - коса (имн.)

Вера не се иставаше од неа. Држејќи ја со рацете за рака и ја милуваше косата и ѝ го ладеше челото со водена крпа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Сѐ уште не, принцезо“, ѝ рече, плескајќи ја по образот со најголема нежност која некогаш ја почувствувала. „Сѐ во свое време“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
(Јавна куќа. Симон во соба со проститутката Мими. Главата му е положена во нејзиниот скут. Облечен во војничко. Таа му ја милува косата.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Додека ја слушаше, докторот со прстите ѝ ја милуваше косата, ѝ ја местеше перницата за да може подобро да дише, ја водеше низ лавиринтот на нејзината несигурност со мудрост и нежност за какви што никогаш не ни сонувала.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)