миже (гл.) - и (сврз.)

Болска, мижи и трепери синкаво пламенче врз цепениците под кои жарта блешти.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Андон мижеше и не виде каде ги закопа забите (имаше долги, ретки, диклести заби, полиени со жолта боја која по рабовите, до непцата, добиваше нијанса на кафеава, што најверојатно, беше трага од неговото претерано пушење), но Азра офна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но гневот во мене растеше, и некое чудно чувство дека сум употребен ме опседна: ме опседна чувство дека не било толку тешко да се дојде до Луција, дека таа ова истото го правела под маската на недопирливата Луција, и јас решив да се одмаздам на најглупавиот можен начин, на начин на кој може да се одмазди само млад маж кој не преспал со жена; во моментот кога требаше да бидам во Луција, јас ѝ го ускратив тоа задоволство; таа мижеше и чекаше, но ништо не се случуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Тука сме! - живна Долгиот. Арсо мижеше и врз свиените клепки му напираше белина што, како да навлегуваше во неговото капнато од умор тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе мижам и ќе молчам, велам, ништо не ќе гледам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас мижам и ја трпам тежината од тие што паднале врз мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мижам и... боже, колку пати така ми дошло.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прапорците на колите ѕрнкаа рамномерно, децата замислени седеа, мижеа и дремеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мислам, бебето мижеше и Ташко ги видел очињата само затоа што сакал да ги види.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)