мие (гл.) - со (предл.)

Се мачеше да го сметне од себе сето време додека продолжуваше да се мие со снегот пред вратата; се мачеше да го истрие од своето лице неговиот млак допир додека притискаше со белата грутка по слепоочниците и по густо обраснатата брада, а кога не успеа, во него остана знаењето дека вчерашниот ден мораше да ги остави по себе сите свои трагови и дека тој ќе мора нив уште долго да ги носи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги мијам со водата од оман, од петопрас, од копиден, од смил, од млечки, од ајдучка трева и наваличе, тики од потканатица, од прешлига, од среќа, од троска и од придавка, од трева кромидарница, и од краварига, од боливач и од наѓезмо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ваква беше неговата работа: стануваше во пет часот во студеното и сѐ уште темно утро и се миеше со топла вода ако работеше грејачот или со студена ако грејачот не работеше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Некој се сети да се миеме со пепелница. Мијај, тријај и некако ќе се поодлепи косата, ќе се позачистиш. Ќе се причестиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бокал сол од море пие. Голем сапун помал мие со трет сапун и со вода.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)