Впрочем, партијата сѐ уште не сакаше да се меша во козјото прашање, а и немаше директиви за акција од републичкото раководство, макар што козјото досие од ден на ден стануваше сѐ подебело и се чуваше во железната каса во кабинетот на секретарот на градскиот комитет.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Втората, уште погруба, ја крши Ондин, кој сфаќајќи ја оваа забелешка преминува од вербални на физички удари, и јавно, пред камерите, ја казнува девојката, однесувајќи се како личност со не само неограничена лична слобода, туку и како некој кому сѐ му е дозволено.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И конечно, третата ја крши самиот снимател, односно режисерот, кој не го прекинува бележењето на овој настан ниту се меша во него иако далеку се надминати зададените рамки, и со тоа дозволува еден неморален чин.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Уште помалку се мешаше во меѓусебните машки простаклаци.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тој гулаш од документарни драми, репортажи, филмови, мини-серии, видеоспотови, трагикомедии, играј-и-погоди томболи и семожни нивни комбинации се меша во аисторичен фалсификат - семожен сатараш, што со сласт ќе го јаде само фиктивниот просечен гледач.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Да не е дојден да ме кандисуа да се предада?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Е, Толе, ние дојдоме кај тебе по една голема работа, — почна прв Трајко откако го извика Толета насамо под големиот бор, каде пладнуваа Рошковите јаловиња и му го претстави учителот Атанаса, за кого Толе беше слушал дека и тој се меша во некакви комитски работи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од тие причини Министерството за надворешни работи на Велика Британија барало предвидените членови на британските воени мисии во Македонија воопшто да не се мешаат во какви и да било политички дискусии за иднината на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Стеснета, стварноста овде се меша во сите свои облици и можеби токму затоа преживувањето е мачно.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Види како боите се прелеваат на сонцето, се мешаат во една чудесна боја – со восклик скокаше Еразмо и ја покажуваше раката кон старецот, бидејќи за сиот свој живот ова го немаше забележано.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Еден од методите на лечење кои ги спроведуваше доктор Гете наликуваше на газење по лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И јас тоа го почитувам, го почитувам вашиот избор, само ве молам и вие да ја почитувате мојата работа и да не се мешате во неа,” рече доктор Гете, и продолжи да го плете долгиот црн шал. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мара за тоа не му рече нему ништо, таа никогаш не му се мешаше во неговите работи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А веќе се смрачува пред него и се меша во замагленост и небото и земјата, и сеќава дека главата му се урива и во устата му крцкаат песочинки. И тоа е сѐ.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А дека било вистина тоа на што се помислуваа тогаш Христијаните на Потковицата, дека некои од нивните му го „пресретнале“ патот на Хаџи Ташку, се дозна многу подоцна, во времето кога се востанови егзархијата па грчките попови повеќе немаа смелост да се мешаат во работите на Потковицата. И пак оттаму, од тевтерот Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
ФУДУЛ, ФУДУЛ, ВОДУЛ - горделив; оној кој неповикан се меша во туѓите работи.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И како ќе голтнам така ќе ме жегне под скутината. Си мислам: сум голтнала мрава и мешам во маштеницата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И децата разгологазени ќе се пикаат во тланикот, ќе мешаат во пепелта, во жарјето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Велат дека не е во ред да се мешаат во одлуки на парламентот, тие сепак само исполнуваат наредби на легално избраните претставници на народот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Доколку финансиерот (продуцентот) не ми се меша во концептот и изведбата на делото што го изложувам, сметам дека секој е во добивка.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Сѐ се мешаше во магла.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа се држеше исправена и горда, дури и кога двајца турски гавази ја беа претепале во ендекот близу Бразда, забранувајќи ѝ да му се меша во животот на Музафер-ага.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И Турциве мораа тоа да го признаат, и фала му на бога, толку се умни, та не се мешаат во нашите црковни работи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кефалијата9 да не се меша во панаѓурот и да не зема од каков било доход, ниту пак некој друг службеник тоа да го стори.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Според Јагулчета Дримски, Цветан Горски, го започна својот прилог од „високо“, а и што му требаше да го меша во овие работи рускиот емигрант.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Зошто се меша во нашите легенди? Зошто?
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Беше тоа во „Генитрон”, омиленото списание (дваесет и пет страни) на пронаоѓачите-занаетчии од Париското Подрачје, кога мојот вујко Едуар ја имаше таа среќа да го запознае еден ден...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Бев сè уште, признавам, премногу млад на времето за да го ценам како што треба.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Оди бе прошетај се! Тоа е подобро!... Не се мешај во ништо!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тој не се меша во животот, тој го гледа.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
И таа почнува да меша во тенџерето со едно стапче.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Колку пати сум ти рекол да не се мешаш во моите работи.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Оној мој лесен и занесен, вели, се на вересија дава“...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Не ги сакам Ескимите, бидејќи ми се мешаат во риболовот!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Тие, живите, сѐ уште сноват ваму таму, а најчесто ни се мешаат во соништата.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Егзархијата не се меша во боговите.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
“ и дека нема да учествуваат во војните меѓу европските сили, ниту да се мешаат во работите што се однесуваат на нив.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, во својата досегашна историја, САД го напуштаа изолационизмот, пред сè, како резултат на сеопфатните економски стремежи што дејствуваа во западната цивилизација како целина и кои, по сè изгледа, биле многу силни за да можат да им се спротивставуваат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
- Не се мешај во машките муабети! - ѝ подвикна дедо на баба, а таа поцврсто ја фати фурката и, вртејќи го вретеното налутено, излезе од одајата без збор.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тато веројатно се спротивстави, таа му одговори да не ѝ се меша во нејзините рагботи, и, на крајот чув како баба ја тресна слушалката.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
За сите исто, па потоа тие работи ни се мешаат во главата и никако да ги запаметиме.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тоа што од љубопитство се мешаше во туѓ живот му се виде непристојно.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Перса не се меша во нејзиниот монолог, одвреме навреме ја охрабрува со очите докрај да се отвори, докрај да се ослободи од товарот на минатото.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Јас молчам, не се мешам во нивната омраза.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ни се меша во работата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Оној пак Коста, не се мешаше во тоа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ја контролираше Југославија дали ,се меша во внатрешните работи на Грција", односно во Граѓанската војна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не знам колку време така сум мешала во тињата, во блатото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Бидејќи немале и не сакале да имаат врска со ЦК во Солун, бидејќи не се мешале во работите на Организацијата и не се обидувале да ја шират својата идеологија и својот начин на борба меѓу обесправеното население, гемиџиите сметале дека Иван Гарванов нема никакво право и основа да им се наложува.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Неочекувано, надворешната врата се отвора и влегува татко ми: - Што правите вие двете мои нај-женски? – доаѓа право кон нас и ни се меша во прегратките. – Се галите, а?!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)