Насредина на нивата глинена чинија. Во неа има само толчен лук, сол и вода, а жетварите сркаат од неа, мешајќи ја таа таинствена течна храна со црн пченичен леб, за да ја победат жегата.
               
             
           
            
            
              „Ветришта“
               од Радојка Трајанова 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  1   „Ах, ова дете, мил Боже пази ми го, што ли прави ова дете на мајка, вака да ми страда, во оган да гори, треска да ја тресе, а да не можам да го запрам, да ѝ помогнам, од маката да ја ослободам....“ - со светлосна брзина ѝ минуваа мислите на мајка Ленче низ главата, мешајќи ја зеленчуковата супа на шпоретот и спремајќи нови ладни облоги за Томето, најмалото и најубавото дете од нејзините 8 деца.
               
             
           
            
            
              „Белиот јоргован“
               од Хајди Елзесер 
              (2012)