меси (гл.) - и (сврз.)

— Што ти треба да знајш? Јас ти заповелам да месиш и ти ќе месиш, ако ме есапиш за маж, — ѝ се врекна Мирче и строго нареди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе издадам наредба веднаш да почнат да месат и да печат, па ако треба ќе довезам од магацините во Корча...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Де, бре, Сандо, уште невлезена критикуваш, - ја прекори дедо Борис кој влезе по неа, носејќи тепсија со пита, што баба ја месела и дошла да ни ја донесе додека е уште топла...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И Доста строго си се држи за адетите. По првото буле Нешка веќе меси и поскура за в црква, пак за здравје.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Селанки од околните села, во старозамански руби, народните, де, месеа и печеа пити; понатаму завиваа народни пеачки, гласот им се слушаше до под половина Галичица..., а им свиреа свирачи донесени од Битоља... да ѝ биде весело на народната власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)