Меѓу бројните психоактивни супстанци кои ја менуваат состојбата на свеста, поради своите специфични фармаколошки својства и едноставност во примената, посебно интересирање предизвика наркотичкиот гас азотен оксидул.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Знаеле ние или не, сакале или не, тој ја менува состојбата на нештата во филозофијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
При секој обид да се пријде барем на малку посериозен начин во проучувањето на односите помеѓу материите кои ја менуваат состојбата на свеста и уметничкото творештво, уште на самиот почеток мора да се направи разлика помеѓу уметниците кои создавале под влијание на дрога и оние уметници кои со неа имале само краткотрајни искуства, повеќе како експеримент и како проверка на некои свои претпоставки, отколку поради императивната потреба да земаат дрога поради поттикнување на творечките способности.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Уште од митскиот бог Бахус, па низ културната историја на сите народи, како црвена нишка се провлекува интересна и сѐ уште недоволно испитана појава - нагонска и страсна желба да се земаат средства кои ја менуваат состојбата на конвенционалната свест.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Студентите веќе не се подучуваат, нема обраќање кон нив, а особено со нив не се разговара како некогаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Квир-движењетo од почетокот на 1990-тите, кое го разработи тој поглед, само го преоткрило она што претходните зналци на бродвејскиот мјузикл веќе го знаеле, а што моите геј-студенти некако самите го скопчаа: некои негеј-културни облици, како што е мјузиклот или големата опера или поп-музиката или дневните женски телевизиски програми, овозможуваат многу поцелосно ослободување отколку што може да даде геј-политиката, бидејќи вторава се стреми само да го подобри светот, а не ти ја менува состојбата во тој свет или твоето покорување на него – барем не веднаш.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)