мачи (гл.) - се (зам.)

Ако се толку упорни, а расказите божем бавно, не мачи се толку да пливаш.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мојот потпис да го имитираш - тоа е исклучено! Не мачи се! - И навистина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Свикнав веќе, и сѐ ми е едно... И затоа не мачи се, докторе... Решен сум да си одам...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Чинам, мачи се, мачи се, така, а мачи ја и Уља.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И Богдан, отпивнувајќи од чашата, погледот го држеше кон неа; охрабрен од пијалокот сѐ така очите ги имаше вперено кон неа за да ѝ го види подобро и подолго оној нејзин змиски поглед, оној нејзин отровен насмев, она нејзино кисело собирање на усните мачејќи се да се насмевне, она нагло менување на боите на лицето предизвикано од внатрешниот немир, она нагло менување на расположението, она нејзино нервозно префрлување нога врз нога, она почесто палење цигара и нервозно гаснење тукушто запушена и она нејзино уморно поджулнување на слепоочниците со прстите, она нејзино постојано ставање на рацете на маса, па на скут не оставајќи ги ни малку да се смират.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На оние што сѐ уште се подготвени налутено да се присетат на „турските ѕверства“, ќе им одговори Владимир Соловјев: „Турските ѕверства ние ги помниме, а зарем одамна во Русија, па и во другите земји, сопствените турски ѕверства исчезнале?... а што се однесува до вашите христијани и нехристијани, за жртвите на сите ѕверства la question manque d’interet (прашањето е лишено од интерес): ако мене некој ми ја гули кожата, јас нема да му се обраќам со прашањето: од која сте вие вероисповед, милостив господине? - и ни најмалку нема да бидам утешен ако се покаже дека луѓето што мене ме мачат се непријатни и неугодни не само за мене, туку згора на тоа, како христијани, гнасни се и за својот сопствен Бог, со чиишто заповеди се подбиваат“. 10.08.1992.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Има ги, има - мачат се, копат, копачи копат по темнината, копачи копат и тунел дупат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Се случува импресијата од бележникот да ја префрлам на компјутер, без преправки.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)