мавне (гл.) - се (зам.)

Кога, што да видам - на грбот му се шират модрици и гребаници. Ме оскрби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прислужникот чичко Петре го боцка со врвот од опинокот и ми с’ска; „Мавни се!“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тогаш еден пријател ме посоветува: - Мавни се од глувчешкото пријателство, зашто може да се случи, не ти нив, туку тие тебе сургун да те пратат и да не те вратат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Арсланот кренал опашката и му рекол: - Мани се, гадино ниедна! И ти сеа ќе ми додеаш?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Прислужникот го боцка со врвот од опинокот и му с`ска: „Мавни се!“ ја отвора и другата врата и застанува пред нас како да нѐ брои.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Мавни се од тие боцки и појди со мене, дедуле, го помолив. Аха, и не ме слуша.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)