И главната улица има вакви гостилници и по сè личи дека пачата е солунски специјалитет, зашто, велат, не се приготвува во други градови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Всушност, самиот град, одделен од петролејските кули, не личи дека е центар на петролејското богатство...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
За кратко и слатко задоволство со онаа што на коцката гази како газела во демоде топуци, кои, само ако си фатен, да не речам врзан, па не знаеш ни името како ти е, ти личат дека се секси.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сѐ личеше дека гостите: како со трчање, набрзина, да заминале испивајќи го вкусното вино до последна капка. Сликата беше лажлива!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)