И Татковиот брат, ликвидиран во сталинистичките чистки, поради неговата некогашна „англиска врска”, односно поради школувањето во Англија, сега беше славен како херој.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во една акција на тајните сили беше ликвидиран во својот дом на неколку стотина метри од Картагина еден од најблиските соработници на Арафат, Абу Џихад, задолжен за воени прашања.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Го следеше смртта на секој чекор. Неколкупати речиси митски ја избегнуваше. Веруваше дека го штитат таинствени сили. Беше постојано во својот транс.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Постарата генерација беше главно ликвидирана во големите чистки од педесеттите и шеесеттите години, а малкумината кои преживеаја, одамна беа испреплашени до тотално умствено предавање.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)