лизне (гл.) - низ (предл.)

Се лизнав низ креветот и низ полуотворената врата се провлеков надвор.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Уметникот тежнее кон чудо, сликарот посакува неговите слики да излезат од платното, надвор од сликата и една пукнатина е доволна за пандемониумот да се лизне низ неа. 104 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не гледаше каде оди во темнината, се сопнуваше самиот од себе и од длапките и од камењата покриени со снегот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А најмногу се грижам - како ќе ја собере блокчето онаа висока зграда со девет ката?!“ - рече малото девојче и две јадри солзи и се лизнаа низ црвените обравчиња.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Лесно му е на Филип кој громогласно, незбунето се смее, и кога скапата порцеланска ваза му се лизнува низ раце и се распрснува во стотици парченца.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Пак погледна во часовникот и се изненади од неочекуваната идеја дека Мануш, недораснат за вакви акции, се лизнал низ сенките уште пред да го опомене со свирење и го оставил да го исчекува изгревот на сонцето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Без да размислува што прави, остави пушката да му се лизне низ прстите и се стрча надолу по ридот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)