лизга (гл.) - од (предл.)

Две патерици се лизгаат од патот... Децата дремат крај свеќите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
А Оливера сѐ нешто несмасно држи: ѝ се лизга од рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Светлината се лизгаше од левата на десната страна и пак се враќаше назад во согласност со ритамот на звукот што го произведуваше некаков спој на неонката над мене и ја распаруваше тишината удирајќи ме во темето со тежина на олово.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И верувајте, ама навистина верувајте, јас не знам да возам џипови. Воланот ми се лизга од прсти...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)