лежи (гл.) - мртов (прид.)

Старецот бор сега лежеше мртов пред својата жртва - чекаше да биде запален . „Крвта е полеплива од смолата“ , им рече на смоларите Отец Симеон и не воздивна; не можеше да се насмее; устата му беше сува, од неа невратно испари вриењето на смеата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стана, ја исплука земјата од устата, ја истресе од вратот, од телото и почна да се обѕирнува, да оди по телата што лежеа мртви.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Жената која лежеше на креветот до нејзиниот, модра како џигер и со одвај триесетина килограми сѐ уште лелекаше и офкаше од болки, а мајка ми која не ми ни дозволи да ѝ помогнам да се преоблече дента кога ја донесов, лежеше мртва.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Едниот брат ми е во логор, другиот лежи мртов на педесет метри одовде.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Што сакаш сега? Да те закопам? Како да стигнеме до гробиштата? (Откорнува штица од подот) Ќе гниеш овде во темелите! Лежеше мртва тука цел живот!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
На калдрмата лежи мртов скакулец, со игла закачен за дрвце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Влегов во собата во која Клара лежеше мртва.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми рекоа дека умрела во сон; лицето ѝ беше толку мирно, што на него не можеше да се види трага ниту од сонот, ниту од животот, ниту од умирањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Она, за генералскиот шинел, поставен со златни рубли, што го соблекол од генерал Воронов додека овој лежел мртов или контузуван во тревата“?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Разгледувајќи ги урнатините, Богуле наеднаш ги забележува во нив татка си и мајка си каде што лежат мртви.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)