лежи (гл.) - болен (прид.)

Дедо му Аврам кога лежеше болен и кога вака му доаѓаа луѓе со понада, велеше: „Во животот човек може да ти направи зло колку што сака, тоа се простува, но најтешко е ако пред умирање не ти обрне внимание, ако во тие моменти ти се сити или свети...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И насетувавме дека тоа е во некаква тајна врска со чудната болест на ќерката негова, која веќе со години (поради надвиснатото проклетство над нашето царство и над кобната одаја со едно нерастајнето слово во неа) лежеше болна од болест чудна, непозната, и искина толку постели колку што имаме години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во таа соба лежи болна неговата помала сестричка, Ленче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Слушаме: лежела болна. Страдала од срце, а од завчера уште повеќе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во селото, додека лежев болен од тифус, таа за цело време додека сум бил во бессознание, не водејќи сметка дека и самата можела да се разболи, била крај мене.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)