лежи (гл.) - под (предл.)

Некои грубо се наговараат, некои веќе лежат под смреките како што лежат волци и волчици во планинава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Киро засенчи очи со раката и погледна надолу на кај Јамата, Рото, Баро и Полената. Лежат под облаци чад.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го шмукав јазичето со мирис на ркулец заглезден во влажна почва и со киселкаст вкус на штотуку зазреана мушмула, чувствувајќи ги на образите усните со кои на горниот и долниот дел во една колку вистинска толку замислена точка, се спојуваа нозете на Ема, и тогаш ми се чинеше дека тие усни, кои никогаш не кажале ништо, ниту ќе кажат некогаш нешто, а толку многу знаат да кажат, и толку многу сакаш да ги чуеш барем еднаш да проговорат, без оглед дали ќе те фалат или ќе те кудат, ме подземаа со слузта што благо ме облеваше внесувајќи ме навнатре со сѐ позабележливото поткревање на телото што лежеше под мене, со можеби инстинктивното поткревање нагоре, и повторното спуштање, во ритам што беше дел од нашата игра, од нашиот живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Имам и еден раководител на машината, мешлест човек, кој наутро ја пали, а навечер ја гаси. Другото време, со гол стомак, лежи под сенката на сливата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И додека баш пластично раскажуваа како ќе си поигруваат со мене, а бидејќи тие важат во нивната Лозница за мажи на глас, што сами си го раскажуваа меѓу себе, а не го слушнав од нивните женички, кои исто како мене лежеа под дебела сенка малку потаму, јас се потрудив да им биде уште поубаво и поинспиративно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас лежев под дрвото; се чувствував глупаво, непријатно, оти удоволував на туѓа желба. Тој рече: „Затвори ги очите“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Вдовец си, знаеш што сакам, рекла Фиданка Кукникова и пркосно и потсмешливо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Или жените без маж треба да лежат под студена плоча.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека не ги „фаќа“ лудилото, како што велат луѓето, тие се мирни, лежат под стреите, си подаваат цигара, се шегуваат, намнисуваат, но кога ги „фаќа“... тогаш „занаетчиите“ најмногу лудуваат, стануваат опасни, а оние што навистина се болни, лежат овде-онде, удираат со нозе и раце, копаат со петиците, со нокти си ги раскрвавуваат образите, се превртуваат и пена од устите им тече.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Знаат да извикуваат пароли, да јадат, патем да лежат под сенка и да си ги одржуваат чисти војничките униформи. Во Прењес сите се плашат од падавичарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Чадот, жолтеникав и мирудлив, толку го смирува што Пандо може по цели часови да лежи под сенката на старата подгниена слива, да гледа во небото, во облаците, во летот на соколите и, без да му трепне око, да ги слуша лелеците на жените што ги оплакуваат своите најблиски.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се мислам како би било: лежам под вимето на ноќта и цицам зелен млаз. После завивам во мрак как мрак.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)