Сето поголемо, преостанато семејство беше околу каучот на кој лежеше Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ми се открива уште една поединост (без да трагам по неа): разговорите за смртта звучеа многу пообично сѐ до оној момент додека беше поприлична раздалеченоста помеѓу нас и собата во која лежи мајка ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Наближувањето кон смртта не го менува само тонот на искажаното туку и зборовите што ќе бидат употребени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Колата чкрта, а ние одиме по неа и гледаме во рогузината кај што лежи мајка. И плачеме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На меѓата од нивата, крај грмушка осветлена од сонцето, лежи мајка му крај тукушто роденото дете; баба му Депа држи стомна со вода со која го замила; отстрана стојат неколку аргати со мотики в рака дојдени да ја видат рожбата како пастирите при раѓањето на Исус;
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)