лее (гл.) - свој (прид.)

За него копната земја преставуваше нови стеги од бегот, каде треба да ја лее својата пот за да се насладува бегот од пролетните, летни и есенски убавини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Старецот ја лееше својата мака. Неговиот темен глас тромаво пливаше по голата соба и оставаше зад себе празнина и недореченост.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)