Откако се врати во Солун, Корец беше во некое необјасниво и напрегнато исчекување... И самиот не знаеше на што. Нешто му кажуваше дека оваа 1943 година треба да се очекува отсуден настан.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Му имав речено дека читам додека тој спие, а всушност минував часови загледана во неговиот лик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Му застуде и гледајќи дека има уште час два спиење, легна покрај Гита и се обиде да заспие.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ја затекнав легната покрај Ирина: ѝ се пикнала под гуша и само ѝ гуга.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го гледав како заспива и посакував да легнам покрај него, а останував да седам во аголот на собата, со книга во скутот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)