Сега со мене лазеа и другите, од зјапнатите усти им висеа зелени јазици: со валчести грпки меѓу плешките, личеа на мали подвижни планини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ѕидот на многуте стебла се оддалечуваше, ѝ бегаше на мојата врела жажда додека околу мене сѐ стануваше метеж во кој тешко можеше да се оддели небото од земјата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)