купува (гл.) - ли (чест.)

Помогни ми да те пронајдам, да се најдам себе си во овој вртлог на ништо. Покажи ми го патот кон слободата, се купува ли на кило можеби?
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
- Малку е и капавица што ти реков, вели, се купуваат ли медали, ордени?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Оф, кај се вратив и со кого се ставив, вели Јон, се купува ли заслуга, капавицо една! - Капавица, ами што сум, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)