купува (гл.) - и (сврз.)

- Го купуваме и плаќаме со мердање, - одговори еден од двајцата џинови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога би можела да ја спакувам среќата кога ќе слушнам дека доаѓаш, за да ти ја подарам!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Што им е на нашите муцки? – како и да се зачуди Барбут- бег. – Погледнете нѐ, личиме на светци.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Купуваше и продаваше сѐ на кое можеше да спечали.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најслатките подароци на животот сами си ги купуваме и пакуваме, сѐ друго е данајски дар.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Денес сѐ се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најефтино.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А и грчка ракија купував и некакво кафе, мешано со печен јачмен или со ’рж, а и свеќи купував.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А немаше ни плацебо ефект. Ама го купував и го послужував!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)