купува (гл.) - од (предл.)

Најмногу купував од Григура Бакалот. Купував масло, рогушки, сало, сапун, мед, сол, јајца, смокви, маслинки, шеќер, вино.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А таа си живееше со малку, со сѐ помалку. Ќе си надробеше попара со млеко или со јогурт, ќе си направаше некаква непозната супа со секакви тревки кои ги купуваше од селанките на пазарот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сам си вареше храна. Купуваше од селаните јајца, кромид и суво овошје.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)