Марко купил стока за 20 турски лири и повеќе не набавувал друга стока.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во овој хотелски комплекс има сè што му треба на патникот: и грилови од нога, самопослуги, каде што цените се многу прифатливи, специјални продавници во кои може да се купува стока за конвертибилна валута.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Од друга страна, треба Андо и Трајко да излезат до пазариштето и да „намирисаат" како оди стоката — овците, козите, јагнињата, говедата, оти од утре ќе дојде пак Мате од Кокре, Мице од Бѕовиќ, Ангеле од Штавица да купуваат стока, та и нив да ги „излажат" како Петруша и другите трговци во градот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)