Матилда сѐ почесто го оставаше сам дома, кога одеше да купува лекови за Зигмунд, и да ги носи кај него, и раскажуваше дека, кога се враќала во станот, го наоѓала Хајнерле седнат на подот, со отворена шаховска табла, а во рацете ги поземал фигурите и разговарал со нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во текот на еден преглед, докторите забележале дека се јавува нов израсток во усната шуплина на Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)