- Де, де, голема работа, - рече Мони и смирено тргна накај кујната, - сега само да јадам и одма ќе одиш да купиш леб, а ќе ја викнеме и Бистра, па ќе одиме на лулашки.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Леле! Требаше да купам леб, мајка ми ме чека!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ќе дојде татко ти и не ќе има што да вечера. Да оди да купи леб. Па тоа е страшно!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Поминува извесно време. - Ване! - пак се слуша гласот на мајка му. - Што сакаш? - Иди синко, купи леб.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Петар вчера се извалка, ха ха! - се изнасмеа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ако пак сте решиле, на пример, во Мичурин да купите леб, млеко, слатки или сладолед, или која било друга ситница, осудени сте да чекате на ред пред магазините и дуќаните.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А секој некоја трошка лепче треба да заработи, па се вдадоа луѓето кој по едно, кој по друго, ама најолемиот број, кој како ќе се добереше до некаков автомобил, стануваа таксисти, така што возењето со такси толку многу поевтини што многумина по градовите и до продавница да купат леб одеа со такси.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Мајка ми повторно ме прати да купам леб, но овој пат купив убав, бел, мек и дури малку топол, па кога се вратив таа не ме караше, дури и ме бакна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)