крши (гл.) - во (предл.)

Но и обајцата беа свесни дека уште многу копја, односно пера, ќе се кршат во иднина за одредување на неговото место во историјата на народите на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Жолтеникавата светлина од фенерот се збира и остро се крши во неговиот монокл.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Секако на овој човек му се слоши - вџашено ги врти очите и бледилото на неговото лице се крши во гримасите на преплашено изненадување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Возвишено, во прекрасна болка, таа ќе ја поткренеше раката, стеблото ќе му ја отстапеше својата става на споменот, ќе се потпреше таа на едно невидливо раме, ќе го прегрнеше и долго потоа гледаше две сенки како се нишаат во залезот, како се кршат во времето и од бран во бран како исчезнуваат...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И Татко и Камилски завршија со разгледот на првите десет османизми со генерално значење, првиот османизмите со навидум позитивна конотација, а вториот со негативна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Милка не може да си дојде на себе, се крши во себе и во снагата, си ги плетка рацете и не знае кому да упати друг вресок.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)