крши (гл.) - јајце (имн.)

Ако не се кршат јајца, нема кајгана!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
38. КАЛАУЗ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стар адет на Велигден да се кршат јајца и чие ќе падне — ќе се скрши — ќе му го даде на победникот. Не само децата и ергените, ами и по некој постар, та дури и старци си прават разонода со ова.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А на сретсело, веќе, уште неогреано сонцето, излегле ергенчињата и машките деца и, ене ги, пред Влашкиот Ан и пред Батанџиовата порта во групи чекаат, кршат јајца.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)