И дури чорбаџиите, задоволни од победата над сиромасите ги пратија момците да ги дотераат воловите од говедарот, сиромасите почнаа да си кршат прстите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Турците почнаа да стрелаат на ветар, а христијаните да кршат прсти и да се жалат, оти утре ќе ги јадат овие „пци“.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Лелее, јас сирота шо су дочекала, детето мое од мене да бега! — и почна да плаче пред него и да крши прсти.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И ете го, крши прсти дома, не кажувајќи никому ништо, та дури ни на ќерка му што му ја гледаше куќата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— А бре ми, кај те носи матната, кај кршиш глава, в реката да појдиш да се удавиш, бре, кај одиш вака јавно на бел ден? Не гледаш не испекоа Турците за тебе, бре Толе? — го засипа со клетви Гуле и почна да ги крши прстите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Леле, мајко ти мила, шо сме имале да тргаме, орлите месата да ви и тргаат на белото видело, да рече господ златен!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мажите скокнаа од местото околу огништето, а баба ми и мајка ми почнаа да си ги кршат прстите на рацете.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Со солзи и невиден гнев си ги кршеа прстите, пцуеја, ја колнеа невидената сила која се што тие со тегоби градеа, со леснина им го уриваше.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Виде дека има трема оти воопшто не ја погледна в очи, туку си ги кршеше прстите и со некоја полукашлица си го прочистуваше грлото.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
ДАРА: (плаче и си ги крши прстите). Шта учинисмо...
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Проклета да бидеш што кога си ме родила по вода не си ме фрлила!... (заклучени рацете ги крши прстите).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ох, Боже мој! (Ги крши прстите) Дики: Бергман, Бергман, Антониони, Последното Танго во Париз!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Дики (Ги задрапува тетратките): Да му ги искршиме видео касетите, гледам богата колекција. (Оди кон полицата со касети) Тики: Ох, мајко моја!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Фиданке, дојдов. Штама, во селото како да немало пци. И пак извик. Погласен. (А ти, Арсо, начека село без кучиња!)
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И веќе не знаел и не можел да види дали таа дошла до прозорецот, дали ѝ се распуштени косите како густ злотопад над соголените раменици, дали ги кршела прстите преплашено.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Затоа кога видоа дека Турците идат в село, се им излезе пред очи и почнаа да кршат прсти и да се жалат: – Е, што ќе правиме сега, попче? – го праша ќефалијата попот кој важеше во селото како духовен пастир и најпаметен човек. – Е море, што ќе правиме, Димо!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Жена му расплакана, ќерка му онемена, едната кубе коси, другата крши прсти, куќата од недоапица зјапнала во мртовечки молк.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Уживаат самите да си се залажуваат дека секое маде што ќе го допрат е мадето лично на Господ Бог.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Па нервозно кршат прсти и ги лакираат ноктите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Мајка му почна да ги крши прстите и да плаче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Билјана ги крши прстите, ја стиска устата, некаква мисла ја мачи, не ѝ дава да се смири.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Јас излегувам од собата, ги кршам прстите, а пред мене е сѐ темница.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)