БОЖО: Сееш отров, го кршиш законот, шириш контраверзи, го нарушуваш редот и мирот, нѐ деморализираш, ги навредуваш нашите најдлабоки патриотски чувства.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Но, исто така, ова е и пример за тоа како работодавачите, и по добиена пресуда, продолжуваат да го кршат законот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Навечер завршуваме во барот „Хабиби“, едно сомнително место во коешто се собира блискоисточниот свет и каде што арапските принцови, опкружени со лажни блондинки и реални малигани, ги кршат законите на Куранот заедно со своите сиромашни сонародници.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Како што призна државниот пратеник, Валде Гарсија (републиканец, Округ Клинтон), предлагач на измените, самиот предлог во голема мера бил симболичен гест: „Не мислам дека треба да ги трошиме парите на даночните обврзници за предмети во кои луѓето ќе се подучуваат како да го кршат законот“, нагласи, додавајќи дека „хомосексуалноста, сепак, е незаконска и ги навредува длабоко втемелените верски убедувања на голем број луѓе“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ова е само уште еден пример за тоа дека судовите имаат надлежност, а во некоја рака и обврска – спроведувајќи го законот и колективните договори, да ги штитат работничките права – се разбира, само доколку пред нив се покрене спор (Nemo iudex sine actore – Нема судија без тужител!).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)