крши (гл.) - глава (имн.)

И нункото, и попот, и дедот Петко, и Стојо, сите ги молија да останат на вечера, но тие си зедоа „седите со здравје — ајте ми со здравје“ и кршија глава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Земи, земи напи се, та нека кршат глава сете тие неранимајковци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога веќе ќе крши глава во невратилово, тогаш ќе се бара чаре. А до тогаш ...“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неда се направи небаре не се интересува за него: — Та шо дека си го сретнал! Кај кршил глава тамо?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас, право да ти кажа, сакам да се прежена. Каква таква, нека крши глава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мислиш ти, ние не знајме оти крши глава в планина?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама не веруам толку брго и да крши глава — да се мажи ... Не ми кажа, лебати, кој е тој толку завеан шо те пратил да и киниш пинците дури овде?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред другите дуќани веќе полсаат, некои и цел, чекаат со клучевите в раце, но тие не пијат „чај“ со командирот на полицијата, та не смеат да влезат предвреме, оти тој пак затоа седи кај Петруша, да види кој ќе се огреши од законот да му состави реферат и еве ти ги, — пукнале двете банки казна; по пет динари за присутните; банка „такцират маркаси“, што велеше Мамут ковачот, та на крајот казната излегла над педесет динари. А тоа значи, кршила глава половина франга.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Немојте, бракја бугари, немојте да се сгрчите ке станем за присмех и за порогание на векот. Кршете глава на овој грчки јазик.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Каде, бре синдрак, каде ќе кршиш глава? — го дочека татко му на големата врата како и стрико му на малата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури ќе бидат мирни, нека се врткаат вадева, ќе му се носи потроа леб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Големо нешто, господин конзуле, големо. Нека кршат глава каурките, туку сега помагај, — му одговори Мито и во кратко му ја опиша положбата на Шаќира и Ѓура во Прилеп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Знаеш што? Еден мариовец му ја грабнал жената на друг мариовец и сака со неа да крши главата некаде надвор од нашата царштина, та сака два пашапорта за Бугарија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ида ефенди, ида. Не берете гајле вие за мене, кај ќе крша глава со една куќа деца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе појдите, чорбаџи Мито, по оваа работа кај колегата мој — италијанскиот конзул, — промрмори конзулот и седна на масата, та напиша два три збора на француски и му го подаде на Мита книжулчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Инаку, кршете глава од мене!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Остави ме на мир во својата куќа. Крши глава оттука!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Крши глава, крши врат!... - пак извика Џивџик, а потоа престана да одговара.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Публикациите кои имааат зацртано промовирање на светогледот на тврдокорните бели јапии (Time, Newsweek, New York, New York Times, Esquire, на пример) содржат голем број на темати во кои борбено расположените членови на некогаш заштитената елита си ги кршат главите од бранот на промени, потоа обвинувајќи ги оние кои се сомневаат во системот и кои со тоа, по импликација, ги изневеруваат американските индивидуа­листички вредности.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
СПИРО: (Доаѓа од лево и кога го согледува Теодос, го надувува неодолив смев.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: (Како да ги истуркува со раце.) Ајде, џенем фатете сите!... Јас да кршам глава одовде, да се извлечам, да побегнам!... (Станува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тој не си ја крши главата со таквите марифети на Родна, не го засегаат ни издолжувањето на вратовите на неговите синови, туку што веќе нема сон во неговите очи кога веќе нема сон сигурно е и време да се станува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Го испратија по мене Марка за да ме брка, но тој се оптегна пред вратата и рече: - Море, нека ја крши главата!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Па што? Нека кршат глава!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Езерото се размавтало и размавало и капки од брановите што си ги кршат главите од бетонот на крајбрежната тераса удираат во прозорците и ни го замаглуваат видикот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Па сепак, додека да ја издадат собата, понекогаш би дозволиле... арно ама, нека кршат глава, само никој да не дознае! Понекогаш...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еве ја светлината! Во првиот миг Тулио Бути не можеше да ја поднесе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)