Арно ама, таа зима „крши вратот“ и Бисера, се омажи за Грбанџовиот Трајка, та остана поповата куќа на Жиовчевата Анѓа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Крши вратот, побегна во планината кај сете неранимајковци и ете, сега место да игра со Петка и со Илка, тој седи негде зад Трибор или гледа од Зелка како се вие оро на сретсело, а тој си и пог'тнува слинките.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ние немаме ли јазик? ние немаме ли си книги, во којто можиме да си пејме јазикот ни? нека кршат врат овија проклети грци от помежду нас, терајте јазикот им от црквите ни и от училиштата ни, нека иди повраги и безтрага, имаме си ние јазик и книга, некеме грчкото, некеме да се грчиме.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Џенем ваќајте! Кој кај сака — кршите вратот!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дури ќе стое лејката, јас одовде не мрдам — му одговори Толе и се раздели од него, испраќајќи го до Плетварски Дервен, да не го згаштат уште тука агите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Крши глава, крши врат!... - пак извика Џивџик, а потоа престана да одговара.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Со ноќи потем сонував дека таа неизвесност ја платил со глава; го мислев, господин судија, не дека не сум го мислела; го сонував како паѓа од тој проклет трапез, од огромна височина и како си го крши вратот; се будев во пот и плачев; подоцна, многу подоцна, дури и го посакував, како жена што посакува маж; имаше ноќи во кои посакував да се спакувам и да заминам (оти Партијата, како и секоја партија, пропадна како брод од хартија), но секогаш брзо се соземав.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ни се истураат главите напред-назад, ни се кршат вратовите ко прачки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Оние кои еднаш сркале попара заради нешто што во час на невнимание го рекле, цел век потоа си го кршат вратот, се правдаше Крсте Манев.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)