крие (гл.) - стар (прид.)

Се чувствуваше како во луда трка по туѓите заемки кои се криеја во редовите на страницата на книгата, на моменти се чувствувал како со перото меч ја разбива пајажината во која се криеја старите зборови, со веќе потрошено значење, според многумина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас имав впечаток дека рурална Албанија, која беше во еден вид педесетгодишен физички и ментален карантин се реваншираше во урбана Албанија, во која се криеја старите структури на власта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татко го забележа неговиот немир, но не ги побара причините за тоа, туку остави да се искаже неговиот натажен пријател: Пријателе мил, си ставивме трн во здрава нога!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На сината сообраќајна табла над стрелката што покажува лево – натпис: Микролимни, под кој се крие старото име на селото Лак.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)