крие (гл.) - свој (прид.)

Што се однесува до нашиот претседател, ни тој не ја крие својата љубов кон литературата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако веќе треба да се одбира меѓу кич, пошлост, trash, меѓу bad и BAD, го одбирам едноставното, непретенциозно ѓубре. Trash, ѓубрето кое не ја крие својата природа, кое е еднозначно и вулгарно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Поради доставката на еден полициски кодош на УДБА, која им беше на многумина црна судба, дека универзитетскиот професор Климент Камилски дури и на предавањата пред своите студенти не го криел својот просоветизам, се најде на Голи Оток, каде што ги мина најмачните години од својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко во молчењето го криеше својот потврден одговор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мојот став е дека невклученоста во академскиот свет допушта одредена слобода, вклучувајќи ја слободата да се прекршат некои правила - на пример, да се употребува терминот деконструкција на начин којшто можеби нема да биде во согласност со неговото точно Деридијанско значење, - и да се повикам на автори за кои не може воопштено да се смета дека ја застапуваат деконструктивистичката метода.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во согласност со мојата послободна дефиниција, деконструкцијата треба да работи со процедури кои се субверзивни во однос на реалноста, и практиките, прифатени без никакво сомневање (земени здраво-за-готово): тие така наречени “вистини” кои се одвоени од условите и од контекстот на нивното создавање; тие откинати начини на зборување кои ги кријат своите пристрасности и предубедувања; тие одомаќени навики и односи на личноста. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 43
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не ја криев својата не само восхит, туку и зависта, над тоа убаво нешто.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, сега од нив треба да побара да не ги кријат своите деца, да не ги враќаат од фронтот ноќе, како криминалци, со автобуси, по гаќи и по чорапи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Понекогаш бев груб, дури и суров со тебе - прости ми за грубоста и суровоста, зад нив ја криев својата безгранична љубов, а срцето ми крвавеше.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој е само еден понизен роб на својата ограниченост, кој зад заклоните и преправањата го крие својот страв.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Марија, без да ја крие својата среќа и радост, ѝ го претстави на Елена младиот човек: - Да те запознаам. Ова е мојот свршеник.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Така личноста која не е чиста - којашто не го крие својот измет - ги навредува другите луѓе; нема обзири кон нив.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не бев дораснат да сфатам дека суровоста е правдина на обесправени луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега старчето како да имаше чурилка: ја криеше својата сенка, чиниш сака да ископа желад со дерачи или со секачи а копа со коленици: не се извлекува туку бега кон гнилост на лисја, на мртви корења, брза да се сокрие пред некој да му фрли самар врз козинавиот грб и со занес на пијан јавач да го потера кон бездна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секој автор има само една книга во која го крие својот основен код, а во другите можеби станува епигон на самиот себе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Значи ли тоа дека секогаш постои причина човекот да се затвори длабоко во себе, да ја крие својата човечност, поведен од стравот да не биде повреден? – се обиде да заклучи Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Врз челата, им лежеа темни очила, а имаа за цел да ги кријат своите господари.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Раздвижен круг од вода, бран кој успешно ја криеше својата тајност, претворајќи се во тврда, или гасовита форма, преоѓајќи лесно и брзо од еден во друг вид, пред да може човечкото око да ја регистрира таа промена, која, пак, во зависност од притисокот и температурата на воздухот се трансформираше во дел од секундата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
XV Мајка си ја криеше својата љубов, својата голема љубов, најсилно почувствувана токму во тоа дамнешно патување во Италија, заедно со Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во други времиња, да беше жив Татко, ќе беше вистински празник за неговата душа, а и Мајка немаше да го крие своето љубопитство, својата возбуда. Но сега беа други времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)