крие (гл.) - нејзин (прид.)

Моќта на зборот и преку сликата да се доближи до мислата и размислата, е процес што егзистира во поезијата од нејзината праисторија: во генот на зборот е да формира слика, во смислата на сликата е да се крие нејзиниот прародител – светлината и сенката на неизречениот збор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Полните димови што излегуваа од нејзината уста создаваа димна завеса зад која се криеше нејзиниот аветски лик.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А што се однесува до критиката, јас не ги криев нејзините извори во европската филозофска просветеност, што може да звучи и како уште еден парадокс во нашево постмодерно време.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Со истото отворено срце на градите каде сѐ уште се криеше нејзината женственост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не беше лесно да се проникне во суштината на Мајкината душа, обвиткана со густите слоеви на тишината во која, најчесто, се криеше нејзината самотија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)