Над челото му стрчеше рокчето како кренат палец, зацрвенето на врвот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не стоеше токму среде патот ама пак на патот, како автостопер - со копитата во банкината, со напнати гради и брадиче напрчено како кренат палец, и со наназад свиткани рогови небаре козите се бранеле од неговата љубовничка напаст.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Си отиде како да не беше ни дошол, тивко, благо насмевнат, со кренат палец над свиените четири прсти од десната рака со што оддаваше знак на блискост и доверливост.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)